Секојдневно добиваме нови информации за случајот „Новак Ѓоковиќ“, а видеото кое се појави на социјалните мрежи најдобро покажува кој е виновен за моменталната состојба во која се наоѓа Ноле.

За време на натпревар во познатата арена Род Лејвер во Мелбурн, на трибините се појавија неколку навивачи на Новак Ѓоковиќ, кои со транспаренти и знамиња сакаа да го поддржат светскиот рекет број еден. Сепак, потоа дојде пресврт кој никој не можеше да го очекува.

Обезбедувањето кога ги виде транспарентите за поддршка на српскиот тенисер и им нареди на навивачите да ги отстранат. Кога тие одбија, беа избркани од арената, што предизвика гнев кај многумина присутни. Сето тоа тајно го снимила жена која подоцна го споделила на социјалните мрежи, а ова видео за кратко време стана вирално.

Ова е клучен доказ за теоријата дека австралиските власти водат кампања против Новак и дека целиот овој случај има политичка конотација.

 

 

Kurir sport



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.