Американскиот спринтер Фред Керли оствари најдобар резултат годинава на 100 метри, истрчувајќи ја патеката за 9.83 секунди на националното првенство во Еуген.
Керли на Олимписките игри во Токио го освои сребрениот медал во најбрзата дисциплина, а неговото остварување во Еуген е за две стотинки побрзо од досега сезонава најдобриот резултат на Кениецот Фердинанд Омануале.
На митингот во Најроби на почетокот на мај, кенискиот спринтер ја истрча патеката за 9.85 секунди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.