Шпанецот Карлос Алкараз денеска стана самиот деветти тенисер во историјата кому му успеало да ја одбрани титулата на Вимблдон, откако во големото финале го победи Србинот Новак Ѓоковиќ (6-2, 6-2, 7-6).

Тој сега смирено ќе може да го гледа финалето на фудбалското ЕП, во кое неговата Шпанија ќе ги одмери силите против Англија во Берлин.

Јас си ја завршив работата, сега нека го сторат тоа и фудбалерите. Сигурно ќе биде тежок натпревар и се надевам дека подобра екипа ќе ја освои титулата“, изјави Алкараз.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.