Не може да одиш по светот и да мислиш дека си над законот, порача австралискиот вицепремиер Барнаби Џојс за ситуацијата со српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ кој во карантин ја чека одлуката на австралискиот суд кој треба да реши дали ќе биде депортиран.
-Ако не ги пополнил формуларите правилно, веројатно мислел дека може да се шегува со правилата на една држава. Очигледно е дека некој згрешил, а ако Ѓоковиќ не ја кажал вистината, тогаш јасно е дека тој погрешил и ќе биде депортиран. Не може да одиш по светот и да мислиш дека си над законот на некоја држава само затоа што си богат, рече Џојс.
Адвокатскиот тим на Новак поднесе жалба на одлуката на австралиските власти да му ја одбијат визата, а конечната одлука ќе биде донесена во понеделник.
Ѓоковиќ, кој е гласен противник на вакцинацијата, доби изземање од правилата на Австралија опен, односно од строгите епидемиолошки мерки за да може да игра на турнирот, кој започнува на 17 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.