Ахмети и Ковачевски со криминал и во спортот, Наумче Мојсовски по сомнение за малверзации од милијарда денари, оставка веднаш, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

ДКСК утврдила дека Наумче Мојсовски, како директор на Агенцијата за млади и спорт, како и Комисијата која ја назначил владата извршила злоупотреба во ваучер системот за доделување на пари на спортски клубови и федерации, за што Мојсовски добил и кривична.
Наместо да го разреши веднаш, Ковачевски го чува Мојсовски на позиција, и со тоа му овозможува и понатаму да продолжи со делото кое му се става на товар.
Постојат сомнежи дека фондот на пари со кој оперирал Мојсовски од скоро 1 милијарда денари завршувал кај клубови и федерации по принцип на фаворизирање, и изборот е правен по сугестија на политички партии.

Зошто Ковачевски не го менува Мојсовски, и дали со тоа само покажува дека и тој е дел од системот на распределба?

Не остана сектор во државата, каде нема криминал, со Ковачевски и Ахмети, Македонија тоне. Сите функционери се копија на лидерите кои ги поставиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.