Украинa го освои првиот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. На натпреварот во скијање слободен стил, Олександер Абраменко освои сребро во акробации, при што првите честитки ги доби од Русинот, Илја Буров кој стигна до бронзениот медал.
Претходно, Министерството за спорт на Украина им препорача своите спортисти и тренери на Олимпијадата во Пекинг да не стојат покрај Русите кога тие во раце го држат знамето на Рускиот олимписки комитет.
Сепак, денешниот гест на двајцата спортисти покажа дека во спортот и Олимпијадите нема место за политиката.
Златниот медал во оваа дисциплина го освои Кинезот Ки Гуангпу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.