Првиот тениски грен – слем сезонава Австралија опен, кој заврши со победи на Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка, донесе рекордна посетеност со повеќе од 900.000 гледачи, објавија организаторите на турнирот во Мелбурн.
И покрај отсуството на неколку познати тенисери и честите прекини на распоредот, поради дождливото време, тениските натпревари на „Мелбурн Парк“ ги следеле вкупно 902.312 гледачи.
Главниот турнир, кој траеше од 16 до 29 јануари, го следеле рекордни 839.192 гледачи, надминувајќи ја претходната бројка од 812.174 од 2020 година. Сметајќи ги и квалификациите, вкупниот број гледачи пораснал на 902.312.
Овие бројки ја надминуваат ланската посетеност на другите три грен – слем турнири, 515.164 во Вимблдон, 613.500 на Ролан Гарос и 776.120 на ЈуЕс Опен.
„Се зборуваше дека немаме великани, дека ќе биде страшно. Меѓутоа, луѓето сакаат само да се забавуваат, а тенисот е одлична опција“, изјави директорот на Тенис Австралија, Крег Тили, додавајќи оти идната година очекува посета од над еден милион гледачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.