Младата словенечка скијачка Хана Јамник трагично почина во Норвешка, соопшти Скијачкиот сојуз на Словенија.
19-годишната Јамник почина на подготовките за новата сезона. Детали за тоа што се случило не се објавени, но се вели дека нејзината смрт е последица на „трагичен инцидент“.
Норвешките медиуми јавуваат дека Словенката утрото на 11. август паднала под камион во тунелот на автопатот 523 во 8 часот и 41 минути додека тренирала на ролери. Таа била тешко повредена и со хеликоптер била пренесена во клиничкиот центар во Ставангер, но за жал таму не можеле да и помогнат. Полицијата веста за смртта ја соопшти во 13 часот и 54 минути.
Камионџијата кој беше обвинет за прекршување на сообраќајните правила, се изјасни за невин и тврди дека тоа што се случило е трагична несреќа.
Талентираната скијачка беше вклучена во репрезентацијата на Словенија за претстојната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.