Петнаесет годишната Камила Валиева, стана првата лизгачка во историјата на Олимписките игри којашто успеала да изведе четворократен скок со што ја предводеше Русија до златен медал во уметнико лизгање во тимскиот настап.

Валиева го изведе овој историски скок само еден ден откако стана првата Европејка којашто извела троен аксел на Олимпијадтите во кратката програма.

Валиева имаше резултат 178.92, што беше над 30 поени подобро од второпласираната Јапонка Каори Сакамото.

САД го освоија сребрениот медал, со девет поени заостануивање зад Руѕсија, додека Јапонија го комплетира подиумот и заврши пред Канада, која за првпат останува без медал во тимска конкуренција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.