Екипата на Реал Мадрид во Каунас го победи Олимпијакос со 79:78 и по 11. пат се искачи на европскиот кошаркарски трон.
Финалето на Евролигата беше неизвесно до самиот крај. Реал Мадрид во последната минута со серија од 5:0 од негатива од четири поени дојде до триумф. Во завршницата Серхио Родригез постигна тројка, а потоа на 3,2 секунди пред крајот Серхио Љуљ ги постигна своите први поени на средбата, кои се покажаа решавачки.
Грчкиот тим преку Костас Слукас не го реализира последниот напад.
Саша Везенков со 29 поени беше најефикасен во поразениот тим, воедно и на натпреварот, додека Родригез се истакна кај „кралскиот клуб“ со 15 поени и девет асистенции.
Претходно во натпреварот за 3. место, Монако ја победи Барселона со 78:66. Најефикасен играч на натпреварот беше Никола Миротиќ од Барселона со 15 поени. Кошаркарот на Монако, Метју Стразел постигна 14 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.