Поранешната НБА-ѕвезда, Шекил О’Нил зборува за пропуштените прилики во текот на кариерата.

Требаше да имам барем осум или девет шампионски прстени. Зборувам за пропуштени можности. Две во Мајами, една-две со Пени Хардавеј. Коби и јас требаше да го победиме Детроит. Првата година со Хит требаше да биде шампионска, но загубивме од Детроит. Можевме да победи со Леброн. И сезоната во Бостон. Ако сè одеше совршено, би можел да имам 8 или 9 прстени, изјави членот на Куќа на славните на Нејсмит.

О’Нил освои вкупно четири шампионски титули со ЛА Лејкерс и со Мајами хит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.