Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид поведе со 2-0 во четвртфиналната серија со Макаби и се наоѓа на еден чекор од пласман на завршниот турнир што ќе се одржи во Белград, местото каде во 2018 година ја освои својата последна титула во елитното натпреварување.
И покрај кризата во која се наоѓаше, шпанскиот гигант го разнесе Макаби со 95-66, па во Тел Авив идната недела ќе се обиде да победи барем еднаш и да се пласира во полуфиналето. Најефикасен во домашниот тим беше Серхио Љуљ со 17 поени, по 16 постигна Поарие и Јабуселе, а ниеден играч во Макаби не стигна до двоцифрен број поени.
Третиот натпревар од серијата се игра на 26 април, а завршниот турнир во Белград е на програмата од 19 до 21 мај.
Во вториот натпревар од серијата меѓу Олимпијакос и Монако, како гостин славеше францускиот прволигаш со 96-72, благодарение на Мајк Џејмс кој постигна 23 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.