Билетите за натпреварот Македонија – Естонија во рамки на квалификациите за Евробаскет 2025 се распродадени.

Вратите на СРЦ Кале, за сите оние кои успеаја да купат билет, ќе бидат отворени од 18:00 часот.

Натпреварот започнува во 19:00 часот.

Македонската кошаркарска федерација се приклучува во акцијата за собирање на средства потребни за лекување на Леонид Индов.

Комплетниот приход од продадени влезни билети од натпреварот Македонија-Естонија, кој се игра вечерва во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе биде насочен како донација за понатамошно лекување на 18. годишниот Леонид, со надеж за негово што поскоро закрепнување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.