Кошаркарите на Феникс Санс се на чекор од пласман во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата, откако со 112-100 го совладаа тимот на ЛА Клиперс на негов терен и стигнаа до третата победа во серијата.
Најефикасен кај победничката екипа беше Кевин Дурент кој постигна 31 поен, додека на средбата најдобар беше кошаркарот на ЛА Клиперс Расел Весбрук со 37 поени.
Во следната фаза доколку помине Феникс ќе игра со подобриот од Денвер – Минесота. Денвер во таа серија има предност од 3-0.
Првиот тим кој се пласираше во следната фаза е Филаделфија, кој со 4-0 го „збриша“ тимот на Бруклин во рамките на Истошната Конференција.
Тимовите на Мајами и ЛА Лејкерс дојдоа до предност од 2-1 против Милвоки, односно Мемфис и се еден чекор поблиску од полуфиналето на своите конференции. Мајами успеа да убедлив начин го совлада Милвоки со 121-99.
Најпрецизен во победничката екипа беше Џими Батлер со 30 поени, додека во составот на Милвоки Крис Мидлтон уфрли 23 поени.
Лос Анџелес Лејкерс победникот го решија уште во првата четвртина, која ја добија со неверојатни 35-9 и не му оставија многу простор на Мемфис да се надева дека ќе дојде до победата во „Крипто Арената“.
Гостите се обидуваа да се вратат во игра, но само за да доживеат чесен пораз од 10 поени разлика, односно 111-101.
Најпрецизен на теренот беше кошаркарот на Мемфис, Џа Морант со дури 45 поени, речиси половина од својата екипа, но и тоа не беше доволно за победа. Во победничкиот состав најпрецизен беше Ентони Дејвис со 23 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.