Џејмс Харден дебитираше со победа во дресот на Филаделфија која славеше на гостувањето Минесота со 133:102.

Харден постигна 27 поени на кои додаде 12 асистенции и 8 скока.

Најефикасен кај Филаделфија беше Џоел Ембид со 34 поени и 10 скока, додека Тајрис Макси го заврши мечот со 28 поени.

Кај Минесота најефикасни беа Кар-Ентони Таунс со 25 и Д’Анџело Расел со 21 поен.

Резултати на останатите натпревари:

Шарлот – Торонто  125:93

Индијана – Оклахома  125:129 (прод.)

Орландо – Хјустон  119:111

Вашингтон – Сан Антонио  153:157 (две прод.)

Њујорк – Мајами  100:115

Феникс – Њу Орлеанс  102:117

Јута – Далас  114:109

Ла Лејкерс – ЛА Клиперс  102:105



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.