По повеќе од две ипол години пауза поради повреди, на Клеј Томсон му беа доволни само 40 секунди за да ги постигне своите први поени во победата на Голден Стејт против Кливленд со 96:82.
Томсон го заврши натпреварот со 17 поени (7 од 18 од поле, 3 од 8 за три поени), а имаше и три скока, асистенција и украдена топка за 20 минути минати на паркетот, со што покажа дека е целосно заздравен по двете тешки повреди.
Томсон беше надвор од тереноте 941 ден, односно од моментот кога скина лигаменти во коленото во шестиот натпревар против Торонто од финалето на НБА во 2019 година. За време на рехабилитацијата од таа повреда, во ноември 2020 година, Томсон ја скина ахиловата тетива за време на еден тренинг.
Во своето долгоочекувано враќање на терените, петкратниот Олстар постави два свои лични рекорда, надмина 12.000 поени и 1.800 постигнати тројки во кариеарата.
Стеф Кари беше најефикасен на натпреварот со 28 поени, на кои им додаде по пет скокови и асистенции. Со оваа победа, Голден Стејт ја прекина серијата од два пораза по ред и се изедначи со Феникс на првото место во лигата со скор од 30 победи и девет порази.
Кај Кливленд, најефикасен беше Ламар Стивенс со 17 поени.
Резултати на останатите натпревари:
Бруклин – Сан Антонио 121:119 (прод.)
ЛА Клиперс – Атланта 106:93
Орландо – Вашингтон 100:102
Торонто – Њу Орлеанс 105:101
Хјустон – Минесота 123:141
Оклахома – Денвер 95:99
Далас – Чикаго 113:99
Портланд – Сакраменто 103:88
ЛА Лејкерс – Мемфис 119:127
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.