За помалку од пет часа продадени се сите билети за третиот натпревар од четвртфиналната пресметка во кошаркарската Евролига меѓу Партизан и Реал Мадрид, соопшти белградскиот клуб.

Цената на влезниците се движеше од 3.5 до 500 евра.

Партизан во првиот натпревар триумфираше на гостувањето во Мадрид со 89-87, а вториот натпревар е на програмата вечерва во шпанската престолнина со почеток во 20:45 часот.

Третиот натпревар ќе се игра на 2 мај во Белград.

Четвртфиналната серија се игра до три победи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.