Најдобриот тим во регуларниот дел од Евролигата, грчки Олимпијакос ја започна четвртфиналната серија на домашен терен против Фенербахче.

Клучна за победата на тимот од Атина вечерва беше третата четвртина каде ја направи клучната предност и дојдоа до 79-68.

Најефикасен играч на Олимпијакос и воедно на мечот беше Александар Везенков со 19 поени, додека кај турскиот претставник најефикасни беа Мотли 15 и Пјер 13 поени.

Шпанскиот гигант Барселона исто така со победа на домашен паркет ја започна четвртфиналната фаза од кошаркарската Евролига.

Каталонскиот гигант во првиот меч против литванскиот Жалгирис слваеше со резултат 91-69.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.