Легендарниот центар и член на Куќа на славните од НБА, Шекил О’Нил ги објсви своите десет најдобри играчи во историјата на лигата. Екс играчот на Лејкерси, своите избраници ги подели на прва и втора петорка.

Мојот прв тим, без посебен редослед, ќе бидат Меџик Џонсон, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и јас“, изјави О’Нил за „Лос Анџелес Тајмс“.

Во втората петорка тој ги вклучи Стеф Кари, Ален Ајверсон, Тим Данкан, Карл Мелоун и Ајзеа Томас.

И морам да се погрижам да го вклучам Карим [Абдул-Џабар] во вториот тим“, додаде О’Нил.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.