На денешен ден, пред точно 30 години, во сообраќајна несреќа кај Инголштад, Германија, загина легендарниот југословенски и хрватски кошаркар Дражен Петровиќ.
Дражен Петровиќ го доби прекарот спортски Моцарт, а почина на 29-годишна возраст. Многу експерти сметаат дека Петровиќ е еден од најдобрите играчи во историјата на европската кошарка.
Последниот натпревар за Хрватска го одигра против Словенија во квалификациите за Европското првенство во 1993 година. Репрезентативците на Хрватска се вратија од Полска со авион, но Дражен Петровиќ патувањето го започна со автомобил со неговата девојка германска манекенка Клара Шаланци зад воланот. Клара возела црвен голф, а Дражен спиел на совозачкото седиште. Удриле во камион кој бил на патот, а Клара не го видела бидејќи видливоста била слаба.
Дражен Петровиќ загина, а Клара преживеала со повреди. Во автомобилот била и турската кошаркарка Хилал Едебал, која седела на задното седиште, која се здоби со тешки повреди, но закрепнала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.