Шпанија славеше над Грција со резултат 84-77 од групата Б на машкиот кошаркарски турнир на ОИ во Париз, по што нашиот јужен сосед се наоѓа на работ на елиминација од натпреварувањето.

Шпанија погоди 11 тројки од вкупно 17 обиди, на одмор заминувајќи со убедлива предност од 49-35.

Грците предводени од Адетокумбо покажаа карактер, целосно враќајќи се во мечот во четвртата четвртина. На помалку од минута докрајот при резултат 80-77 Јанис имаше и обид за тројка за израмнување, не успеа да ја погоди, по што Шпанците рутинирано дојдоа до победата.

Санти Алдама повторно беше прво име во шпанскиот табор постигнувајќи 19 поени, ветеранот Серхио Љуљ реализирајќи 13 поени за „црвената фурија“, додека Адетокумбо имаше 27 поени и 11 скокови за Грција, недоволно за да се стигне до првиот триумф на ОИ во Париз.

Во последното коло од групната фаза Шпанија игра со Канада, а Грција со Австралија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.