Словенечката кошаркарска репрезентација нема да може да смета на услугите на Зоран Драгиќ во обидот за одбрана на златниот медал на континенталниот собир. Словенецот се повреди на натпреварот против Беглија, а по деталните медицински прегледи се утврди дека станува збор за повреда на бутниот мускул која ќе го оддалечи од паркетот од шест до осум недели.
Крајот на Евробаскетот го потврди и самиот Зоран Драгиќ кој изјави дека нема да може да им помогне на соиграчите на теренот, но ќе дава поддршка од клупата.
„Очигледно не ми е судено да ѝ помогнам на репрезентацијата во одлучните натпревари во Евробаскетот. Ќе им помогнам на соиграчите од клупата, гласно ќе ги бодрам и на тој начин ќе им дадам позитивна енергија кој ќе ни биде потребна во следните денови. Верувам дека момците ќе го остават срцето на терен и на крајот заедно ќе се радуваме на добар резултат кој сите го посакуваме“, изјави Драгиќ.
Словенија во четвртфиналето за противник ќе ја има Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.