Четвртфиналните натпревари на ЕП во кошарка  се играат денеска утре. Двојките се
Шпанија – Финска (13 септември 17:15 часот)
Германија – Грција (13 септември 20:30 часот)
Франција – Италија (14 септември 17:15 часот)
Словенија – Полска (14 септември (20:30 часот)

Чешкиот репрезентативец Томаш Саторански на осминафиналниот дуел од Евробаскетот 2022 против Грција постави нов рекорд според бројот на асистенции на натпревар на европските првенства.

Покрај трите поени и осум скокови Саторански на натпреварот против Грција запиша дури 17 асистенции и го собори рекордот кој и досега беше во негова сопственост.

Претходниот рекорд беше стар седум години, кога Саторански на натпревар на Евробаскетот 2015 оствари 15 асистенции.

Од 2016 година чешкиот кошаркарски репрезентативец настапуваше во НБА лигата за Вашингтон, Чикаго, Њу Орлеанс и Сан Антонио, а оваа година се врати во Европа во дресот на Барселона



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.