Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ посакува добар настап на дуелот со Грузија во Скопје.

– Сезонава имам повеќе проблеми со повредите и затоа одиграв помал број натпревари и за Валенсија. Но, кога веќе дојдов тука ќе го дадам максимумот за да бидам подготвен за вториот натпревар со Грузија. Овие два натпревара се многу важни за нас, особено тој во Скопје. Треба да го одбраниме домашниот терен и да продолжиме да работиме за следните натпревари со Украина. Во професионалната кошарка нема млади и стари играчи, има само добри и лоши. Не чувствувам никаков притисок кога го носам националниот дрес, среќен сум што ме сметаат за лидер на оваа генерација, вели Димитријевиќ.

Македонските кошаркари се во Тбилиси, каде утре попладне против Грузија ќе го игра натпреварот од третото коло групата „Г“ од квалификациите за Светскиот Куп 2023 година.

Хендикеп за „црвено-жолтите“ е отсуството на селекторот Драган Бајиќ, кој е „позитивен“ на коронавирусот.

Дваесет и четиригодишниот Димитријевиќ н еотпатува во Тбилиси, овие неколку дена ќе биде во Скопје и се надева на добра подготовка за натпреварот  против Грузијците на 27 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.