Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија шампионската титула, откако вечерва во Битола го совладаа Пелистер со 78-67 и ја добија финалната серија во плејофот со максимални 3-0 во победи.

За МЗТ Скопје Аеродром ова е петта шампионска титула во серија, а вкупно 11 во клупската историја. Двете последни титули кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ги освојуваа токму во финалето против Пелистер и двапати го кренаа шампионскиот пехар во салата во Битола.

Баковиќ и Гилон беа најефикасни вечерва во составот на тимот од Аеродром со по 15 поени, додека Костовски и Мијовиќ го предводеа битолскиот состав со по 19 кошеви.

Наградата најкорисен играч во финалната серија му припадна на капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски, кому ова му беше вкупно петто МВП признание во финалниот плејоф. ег ФОТО: КФСМ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.