Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа го победи градскиот ривал ТФТ Моцарт со 95:69 во 11. коло од регионалната АБА 2 лига.

По оваа победа МЗТ Скопје се искачи на второто место на табелата и на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната и теоретски обезбедија пласман во плејофот.

Марко Баковиќ со 22 поени и осум скока беше најдобар во победничкиот тим. Кај ТФТ најефикасен беше Верц со 14 поени.

Третиот македонски претставник во ова натпреварување, Пелистер од Битола, во понеделникот го совлада Борац од Бања Лука со 73:72.

Во моментов МЗТ е втор со биланс 8-3, Пелистер е на 9. место со ефект 5-6, додека ТФТ е 13-ти со само две победи и девет порази.

Во следната рунда која исто така ќе се игра во Широки Бриег, Пелистер ќе игра со Подгорица (утре 18 часот), ТФТ ќе се соочи со Војводина (утре 21 часот), додека МЗТ ќе се сретне со Златибор (петок 15 часот).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.