Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром, го претрпе петтиот пораз во шестиот натпревар од новата сезона во регионалната АБА лига, откако на домашен терен загуби од црногорски Морнар со 94-77.

Кошаркарите на МЗТ Скопје добро го отворија натпреварот и по првата четвртина стекнаа предност од 27-22 која ја зачуваа до полувремето (47-44).

Меѓутоа, продолжението донесе поинаква слика на паркетот во салата „Јане Сандански“. Гостите од Бар со серија од 9-0 на почетокот на третата четвртина направија резултатски пресврт за водство сигурно водство (53-47) кое не го испуштија до крајот на натпреварот.

МЗТ Скопје во второто полувреме прикажа бледо издание и за 20 минути постигна скромни 30 кошеви.

Најефикасен во составот од Аеродром беше Бојан Крстевски со 22 поени.

Во седмото коло во АБА лигата, МЗТ Скопје Аеродром на 18 ноември ќе му гостува на ФМП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.