Кошаркарската репрезентација под 20 години на Македонија ја совлада Црна Гора (81:69) и го освои 15. место на младинскиот Евробаскет.
Во последниот меч од турнирот во Гдиња, машката репрезентација стигна до првиот триумф.
Две одлично одиграни четвртини, втората и третата, им беа доволни на нашите млади кошаркари да стигнат до толку посакуваниот триумф. Овие 20 минути веројатно беа и најдобрите на нашата селекција на шампионатот во Гдиња.
Македонците ги предводеше капитенот Симиќ кој постигна 15, по 13 реализираа Стојаноски и Бојчев, Бошалески ги следеше со 12 (и пет скока), а Иванов заврши со 11 поени, седум скока и три асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.