Актуелниот шампион во НБА лигата, Милвоки бакс, и Голден Стејт вориоср изборија место во второто коло плејофот

Милвоки го победи Чикаго булс со 116:100 во натпревар на кој целосно доминираше и во текот на сите 48 минути ја имаше контролата врз резултатот. „Елените“ ја завршија серијата со вкупни 4:1 во победи.

Противник на Милвоки во конференциското полуфинале ќе биде Бостон селтикс.

Голден стејт до место во четвртфиналето се избори по триумфот над Денвер нагетс со 102:98. Гостите во последната четвртина влегоа со позитива од осум поени, но „воините“ последниот период го добија со 32:20 за триумд во серијата со 4:1 во победи.

Во конференциското полуфинале Голден Стејт ќе игра со поуспешниот од пресметката Мемфис – Минесота (3:2 моментален резултат).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.