Македонската машка кошаркарска репрезентација убедливо загуби од Шпанија на гостински терен со 80-44, во рамки на првиот од двата јулски натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Единствен со двоцифрен ефект во македонскиот состав во пресметката со актуелниот светски првак беше Јакимовски со 14 поени.

Македонската кошаркарска репрезентација утре се враќа во Скопје, каде в понеделник во салата „Борис Трајковски“ ја пречекува Украина во обид да ја запише првата победа во групната фаза од мундијалските квалификации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.