Двократниот најкорисен играч (МВП) во американската професионална кошаркарска НБА лига Србинот Никола Јокиќ (27) договори продолжување на соработката со Денвер, а за петгодишната верност од 2023 до 2028 година ќе инкасира рекордни 264 милиони долари.

Петгодишниот договор, кој српскиот кошаркар го постигна со Денвер, е најбогат во историјата на НБА лигата.

Минатата сезона стана прв играч во историјата кој успеал да оствари повеќе од 2.000 кошеви, 1.000 скокови и 500 асистенции.

Со договорените 264 милиони долари Јокиќ го надмина петгодишниот договор вреден 251 милиони долари, кој само неколку часа претходно го потпиша Бредли Бил (29) со НБА лигашот Вашингтон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.