Нено Димитријевиќ се обиде да ни донесе победа, постигна неверојатни 43 поени, имаше шест асистенции и четири скокови за само 29 одиграни минути, но тоа не беше доволно за да победиме.

Водевме на полувремето со 46-43, беше изедначено и на почетокот од последниот период. Но, се повреди Димитријевиќ, Литванците го искористија тоа и дојдоа до победа од дури 22 разлика, беше 94-72 за нив.

Ние немавме ниту еден друг кошаркар со двоцифрен број на поени, Крстевски, Маслинко и Стајиќ постигнаа по шест. Во составот на Литванија Радџевициус постигна 18 поени, имаше и 11 скокови.

За Македонија шансите не се загубени благодарение на Полска која со 88-86 ја совлада Естонија.

Во последните два меча од квалификациите ќе мора да ги победиме Полска и Естонија, со Естонците ќе мора и кош разликата да ни биде подобра. Тие ја совладаа Македонија со пет поени разлика во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.