Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва ја победи Австрија со 95:88, но тоа не беше доволно за пласман во четвртфиналето и поради поразот од Естонија завршивме како трети во групата.

Со третата позиција македонските кошаркари ќе одат во разигрувањето за од 9. до 16. позиција на Европското првенство во Б-дивизијата на кое Скопје е домаќин.

Натпреварот против Австрија започна со минута молк во чест на легендата на македонската кошаркар Лазар Лечиќ кој почина во текот на вчерашната вечер.

Македонија фаворитската улога лесно ја оправда, иако уште од пред натпреварот беше познато дека нашите шанси за четвртфинале се загубени. Најефикасен во нашите редови беше Ѓорѓи Цветковски со 25 поени, Ѓорѓевиќ постигна 19, а Данев 18. Во редовите на Австријците Вицман уфрли 26 поени.

Претходно Шведска со 78:77 ја совлада Естонија, па така овие две селекции имаа седум бода како и Македонија, но ние отпаднавме поради најлоша кош-разлика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.