НБА тимот Шарлот хорнетс, чиј сопственик е легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан, објави дека на клупата се враќа тренерот Стив Клифорд.
Воодушевени сме што Стив е повторно со нас. Мислиме дека неговото претходно искуство и неговата филозофија на игра го прават најдобриот тренер за нашата екипа – изјави претседателот на Шарлот, Мич Купчек.
Шеесетгодишниот Клифорд го тренираше Шарлот од 2013 до 2018 година, пред да мине три години на клупата на Орландо.
Шарлот, кој не избори пласман во плејофот во НБА лигата во последните шест сезони, со ангажманот на Клифорд ја заврши потрагата по наследник на Џејмс Борего, кому во април му беше врачен отказ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.