Повредата на Леброн Џејмс не е посериозна и тој ќе биде во составот на ЛА Лејкерс на третиот натпревар од финалето во Западната конференција во НБА лигата во кое екипата од Лос Анџелес ќе се обиде пред своите гледачи да ја намали негативата од 0-2 во серијата до четири победи.

Денвер синоќа на домашен терен го совлада ЛА Лејкерс со 108-103 и поведе со 2-0 во серијата која сега се сели во Лос Анџелес со третиот натпревар кој е на програмата ноќта меѓу сабота и недела по средноевропско време.

Леброн Џејмс се повреди во последната четвртина од вчерашниот дуел во Денвер и беше неизвесно дали ќе може да настапи во третиот натпревар од финалето во Западната конференција.

„Ништо не може да ме спречи во настап на третиот натпревар. Ќе бидам целосно подготвен. Мала повреда сигурно не може да ме спречи во тоа“, изјави Џејмс, кој и покрај повредата го одигра целиот натпревар во вториот пораз во Денвер, запишувајќи 22 поени, десет асистенции и девет скокови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.