Леброн Џејмс, најдобриот стрелец на сите времиња во НБА лигата, уште еднаш се запиша во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.

Легендарниот кошаркар стана првиот играч кој дојде до бројката од 40.000 поени во кариерата, а рекордната граница ја мина на синоќешниот дуел против Денвер.

Пред расположената публика во Крипто.ком Арена, Џејмс го постигна историскиот кош на 10:39 минути пред крајот на втората четвртина.

„Ова сè уште никому не му успеало. Секако дека е супер што тоа го постигнав, тоа не е една од најголемите работи кои ги направив во животот, но, сепак, многу ми значи“, изјави 39-годишниот Џејмс, кој минатата сезона го прескокна легендарниот Карим Абдул – Џабар на врвот на вечната листа најдобри стрелци во НБА лигата.

Џејмс го заврши дуелот против Денвер со 26 поени кои на крајот, сепак, не беа доволни да му помогнат на ЛА Лејкерс да го избегне поразот од 124-114.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.