Екипата на Лос Анџелес клиперс го направи најголемиот резултатски пресврт во НБА лигата во последните 12 години. Клиперс го победија Вашингтон со 116:115, иако во втората четвртина заостануваа и 35 поени.
На 20 секунди до крајот Вашингтон визардс водеше со седум разлика (114:107), но и тоа не беше доволно за успех.
Победата на Клиперси ја донесе Лук Кенард, кој погоди тројка под фаул на 1,9 секунди до крајот на четвртата четвртина, по што го реализира и дополнителното слободно фрлање.
Претходниот ваков камбек во НБА лигата се случи на 21 декември 2009 година. Тогаш Сакраменто го победи Чикаго со 102:98, надоместувајќи негатива од 35 поени на средбата.
Резултати на останатите натпревари:
Филафелфија – Њу Орлеанс 117:107
Детроит – Денвер 105:110
Торонто – Шарлот 125:113
Бостон – Сакраменто 128:75
Бруклин – ЛА Лејкерс 96:106
Хјустон – Сан Антонио 104:134
Голден Стејт – Далас 130:92
Портланд – Минесота 107:109
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.