Крис Пол во последната четвртина постигна 15 од рекордните сезонава 27 поени, со што го предводеше Феникс до победа против Јута со 115:109.

Пол (36), кој е еден од најдобрите плејмејкери во историјата мина повеќе од 40 минути на паркетот, а одличната вечер ја збогати со 14 асистенции и девет скокови.

Одлична партија имаше и Девин Букер кој постигна 33 поени за Феникс, кој дојде до седмата победа за ред. Со скор од 37 победи и девет порази, „сонцата“ се најдобриот тим во НБА лигата и го изедначија најдобриот старт во клупската историја, постигнат во сезоната 2006-07.

Феникс на оваа средба настапи без повредените стартери Деандре Ејтон и Џеј Краудер, како и замената на Пол, Камерон Пејн.

Поголеми проблеми со повредите има Јута, каде што не играа шест од деветте најдобр стрелци на тимот, Донован Мичел, Руди Гобер, Бојан Богдановиќ, Џо Инглс, Мајк Кнли и Ројс О’Нил. Во такви услови, најефикасен кај „џезерите“ беше Џордан Кларксон со 22 поени.

Резултати на останатите натпревари:

Кливленд – Њујорк  95:93

Њу Орлеанс – Индијана  117:113

Оклахома – Чикаго  110:111

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.