Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола денес преку соопштени до јавноста, даде свое видување за инцидентот што се случи на трибините за време на натпреварот со МЗТ Скопје одигран вчеравечер во СЦ „Јане Сандански“.

Кошаркарскиот клуб Пелистер целосно застанува зад навивачката група Чкембари бидејки истите воопшто не беа причинители за инцидентот.

Нашата навивачка група беше првично нападната од редарите, т.е. од лицата кои на трибините се задолжени да спречуваат инциденти а не да предизвикуваат инциденти.

Најостро го осудуваме овој нивен непрофесионален однос и се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани.

Во петок ги повикуваме Чкембарите и битолските љубители на кошарката во што помасовен број да ја исполнат спортската сала „Боро Чурлевски“ и во една фер спортска и кошаркарска атмосфера да бидат нашиот 6ти играч во целта за изборување на мајсторка, стои во соопштението на Пелистер.

Резултатот во финалето од кошаркарскиот плејоф е 2:1 во победи за МЗТ Скопје кој в петок ќе ја има првата шанса за одбрана на шампионскиот трофеј. Во случај да победат битолчани, ќе се игра мајсторка в недела во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.