Центарот на Денвер, Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА-лигата кој забележал 5 000 скока и 3 000 асистенции во своите први 500 натпревари во кариерата.

На денешниот натпревар против Детроит (110:105), српскиот кошаркар постигна 28 поени, 21 скок и девет асистенции.

– Недостасува едно додавање за трипл-дабл? Не ми е грижа. Имав добар натпревар и тимот извојува важна победа. Знаев дека играм добар натпревар, но не размислував за статистиката, изјави Јокиќ по натпреварот.

За Јокиќ ова беше 494. меч во кариерата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.