Филип Ѓоревски и официјано од денеска е нов генерален менаџер на МЗТ Скопје на чие место го наследува Тони Грнчаров, потврди клубот од Аеродром. Ѓоревски кој воедно и поранешен кошаркар на „сино-белите“, досега истата функција ја извршуваше во Академија ФМП.

За 36-годишникот ова значи и враќање на добро познато место бидејќи во минатото во клубот неколку години ја извршуваше функцијата главен координатор на младинската школа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.