Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ и бекот на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум, се прогласени за најдобри кошаркари во октомври/ноември во нивните конференции.

Нагетс остварија 12 победи во 18 натпревари. Јокиќ кој е двократен МВП имаше просек од 29 поени, 13,2 скока и 9,2 асистенции додека шутираше 57,1% од поле и 31,6% надвор од лакот.

Селтикси победија на 14 од 18 средби. Тејтум имаше просек од 27,7 поени, 8,8 скока, 4,1 асистенции и 1,1 украдена топка на 49,4% од поле и 36,1% за три поени.

Во моментов Денвер нагетс со скор 14-7 (победи-порази) се наоѓа на 3. место во Западната конференција.

Бостон селтикс е лидер на Исток со биланс 15-5.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.