Кошаркарот на Црвена звезда, Милош Теодосиќ го продолжи договорот со белградскиот тим за уште една сезона.

Останувањето лидерот на овој тим на теренот и во соблекувалната е огромно засилување за Црвена Звезда, за која Милош ја одигра претходната сезона со голем успех, но и со мотив и желба да му помогне на клубот и на тимот“, соопшти Црвена звезда.

Изминатата сезона Црвена ѕвезда ја одбрани шампионската титула во Србија, а ги освои трофеите и во АБА лигата и националниот куп.

Во текот на својата кариера, Теодосиќ освои 19 трофеи во Србија, Грција, Русија и Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.