Јанис Антетокумпо и Милвоки бакс го прегазија Голден Стејт со 118:99 во враќањето на тренерот Мајк Баденхолцер по четири пропуштени натпревари поради здравствени и Ковид протоколи. Во тие натпревари, актуелниот НБА шампион имаше скор од една победа и три порази.
Еден од јаголемите фаворити за добивање на наградата МВП сезонава, Антетокумпо имаше учинок од 30 поени, 12 скокови и 11 асистенции, што за него е втор трипл-дабл сезонава и вкупно 28. во кариерата. Крис Мидлтон постигна 23, Боби Портис 20, а Грејсон Ален 15 поени.
Кошаркарите на Милвоки ниту еднаш не беа во заостанување доаѓајќи до предност од 77:38 на полувремето.
За Голден Стејт, за кого ова е четврти пораз во последните пет натпревари, не играше Дрејмонд Грин поради повреда на листот. Најефикасен меѓу „воините“ беше Ендрју Вигинс со 16 поени. Џонатан Куминга постигна 15, додека Стеф Кари го заврши натпреварот со само 12 поени.
Резултати на останите натпревари:
Мемфис – Минесота 116:108
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 113:89
Бруклин – Оклахома 109:130
Денвер – Портланд 140:108
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.