Кошаркарите на Далас го совладаа Мемфис со 112:85, со што ставија крај на серијата на „гризлите“ од 11 победи по ред, што беше во моментов најдолга во НБА лигата.

Далас беше предводен од фантастичниот Лука Дончиќ, кој го оствари својот 40. трипл-дабл во кариерата, постигнувајќи 27 поени, од кои 19 во второто полувреме. Словенечкиот кошаркар додаде 12 скокови и десет асистенции.

За Далас ова беше седма победа во последните осум натпревари.

Резултати на останатите натпревари.

Детроит – Торонто  103:87

Индијана – Феникс  94:112

Филаделфија – Бостон  111:99

Шарлот – Орландо  109:116

Чикаго – Голден Стејт  96:138

Мајами – Атланта  124:118

Сан Антонио – Кливленд  109:114

Сакраменто – Хјустон  126:114



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.