Кошаркарската репрезентација на Канада дојде до својот прв медал на светските првенства. Во борбата за третото место, Канаѓаните ги совладаа САД со 127:118, по продолжение.

Славениците на овој натпревар, практично во текот на целиот натпревар беа подобар противник, и имаа контрола на случувањата на теренот. Тоа траеше до самиот крај на регуларниот дел, односно до нешто помалку од пет секунди пред последниот свиреж на судијата.

Во тие моменти, при водство на Канада од четири поени, Микал Бриџис имаше две слободни фрлања. Првото го погоди, по што второто намерно го промаши, но самиот тој дојде до одбиената топка и со шут за три поени од свртување од аголот на теренот погоди за 111:111 и го однесе дуелот во продолжение.

Сепак, во дополнителните пет минути Канаѓаните предводени со нивниот најдобар играч, Шеј Гилџес-Александер ја вратија цврстата контрола на играта и лесно дојдоа до победа и големо, за нив историско, славје.

Гилџес-Александер мечот го заврши со 31 поен, 12 асистенции и шест скокови, а огромна улога за победата имаше и Дилон Брукс, кој „ја носеше“ својата репрезентација во регуларниот дел со 39 поени.

Кај Американците најдобри беа Ентони Едвардс со 24, Остин Ривс со 23 и Микал Бриџис со 19 поени.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.