Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го освоија премиерното издание на НБА купот, совладувајќи ја синоќа во финалето Индијана со 123-109.

Лејкерси до триумфот беа предводени од Ентони Дејвис, Остин Ривс и Леброн Џејмс. Дејвис имаше перфектна вечер со ефект од 41 поени, 20 скокови и пет асистенции, Ривс уфрли 28 поени, додека Џејмс, кој воедно беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на турнирот, постигна 24 кошеви, а додаде и 11 скокови.

Кај Индијана најдобар беше Тајрис Халибартон со 20 поени и 11 асистенции.

Играчите беа дел од финалето во ова ново натпреварување на НБА добија и раскошни парични бонуси. Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс добија по 500.000 долари, а секој од кошаркарите на Индијана по 200.000 долари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.