Раководството на кошаркарската Евролигата утре ќе објави алтернативна земја во која ќе играат руските клубови, пренесува „ТАСС“ повикувајќи се на прес-службата на Евролигата.

Утре ќе има состанок на Бордот на акционери на Евролигата, на кој ќе се разговара за темата за одржување на претстојните натпревари на руските тимови, а се очекува да биде објавена и алтернативна земја во која ќе се играат натпреварите на тимовите од Русија, соопшти прес-службата на елитното кошаркарско натпреварување

Претходно беше одложен натпреварот од 26. коло од регуларниот дел од сезоната во Евролигата меѓу руска ЦСКА и шпанска Барселона. Средбата требаше да се одржи на 27 февруари во Москва.

Евролигата ги одложи и натпреварите Баерн (Германија) – ЦСКА, Басконија (Шпанија) – Уникс (двата на 24 февруари) и Зенит – Барселона (25 февруари).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.