Емил Рајковиќ го достигна и врвот на досегашната тренерска кариера откако македонскиот стручњак денеска и официјално беше промовиран во нов предводник на ЦСКА Москва.
Рускиот гигант беше во потрага по нов врвен стратег по заминувањето на Димитрис Итудис, а изборот падна токму врз Рајковиќ, кој минатата сезона беше предводник на Автодор Саратов, тим со кој бележеше одлични игри и резултати како во ВТБ-лигата така и во европските натпреварувања.
Од неколкуте тренери кои беа во игра за одговорната функција, изборот падна врз Рајковиќ, кој денеска и официјално го потпиша договорот со рускиот гигант. ЦСКА Москва во новата сезона нема да се натпреварува во Евролигата, но рускиот тим во секој случај ќе состави респектабилен состав со кој под водство на Македонецот ќе атакува на трофејот во ВТБ-лигата.
Како што информираат од ЦСКА, Рајковиќ во текот на следната седмица ќе допатува во Москва, каде ќе ја има и официјалната промоција како предводник на европскиот кошаркарски гигант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.