Напаѓачот на Бруклин, Кевин Дурант ги демантираше информациите дека е подготвен да се пензионира доколку Нетс не се согласат да го разменат во друг тим.

– Знам дека повеќето веруваат во анонимните извори кои објавуваат информации за мене, но ако некој слушне што имам да кажам, тогаш треба да знаете дека не планирам да ја завршам кариерата во блиска иднина. Во тек е некој е.ан циркус, напиша Дурент на Твитер.

Кевин Дурент побара од сопственикот на Нетс, Џозеф Цаи, да го размени со друг тим или да ги отпушти генералниот менаџер Шон Маркс и главниот тренер Стив Неш.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.